Јапонска компанија планира да го изгради највисокиот дрвен облакодер во светот за да ја одбележи својата 350-годишнина во 2041 година.
Од „Sumitomo Forestry“ велат дека 10 отсто од 70-катната кула ќе биде од челик, комбиниран со околу 180 000 кубици дрво, доволно за да се изградат околу 8000 домови со дрвја и зеленило на балконите на секој кат. Од компанијата додаваат дека самата структура на кулата е креирана и за да се спротистави на честите земјотреси во Токио.
Проектот чини околу 4 билиони фунти, или двојно повеќе од сумата за конвенционален облокадер со истата големина. Но, од компанијата очекуваат трошоците да бидат помали поради технолошкиот напредок.
Во моментов, 53-метарскиот блок студентски апартмани во Ванкувер е највисокиот дрвен облакодер во светот, објави Гардијан. Кулата во Токио ќе се користи за канцеларии, продавници, хотели и домови.