Коалицијата “Екологијата Приоритет” во рамките на својата кампања „Сакаме кул градоначалници за жешки точки!“ во соработка со Македонската хип хоп издавачка куќа Токсикологија мјузик најавуваат нова песна и спот со цел информирање и потикнување иницијатива кај граѓаните за решавање на големиот проблем со загадувањето во државата.
Песната насловена “Направи чекор” испраќа порака до сите граѓани и надлежните власти да превземат одговорност за еколошките жешки точки и да се активираат во нивното конечно решавање. Спотот е сниман на различни локации во Скопје и навестува навикнување на животот под гас маски доколку не се преземе нешто.
Во прилог слушнете ја песната и погледнете го новиот видео запис на Пука козметика и Скитара од Токсикологија мјузик.