Додека за некои се’ уште трае новогодишната журка и насекаде се слуша музика, ние ви спремивме краток времеплов од музички настани кои ја одбележаа 2023 која полека ја оставаме зад нас. Претходната година се појавија многу нови домашни музички парчиња, а што е поважно имаше и многу музика во живо. Така сите фестивали се вратија со редовната програма, а и со редовната публика, па за разлика од 2022 сосем заборавивме на маските и пропаднатите карти за откажани концерти. Од тој голем колаж на настани ние издвоивме три најомилени годинава, со надеж дека во 2024 не’ очекуваат уште подобри изданија, а можеби и уште побројни за да фатиме и ново темпо во фестивалската кондиција.
1. Музички протестен собир за „Спас на МКЦ“
Уште првиот месец од 2023 година се случија не толку посакувани настани кои го засегнаа омиленото културно место во главниот град – Младинскиот културен центар. МКЦ се соочи со промена на директор и најави за кратење на буџетот. Ова предизвика стотици граѓани, луѓе кои местото го чувствуваат како дом, па дури и мали деца и миленици да излезат на музички протестен собир на кој настапија млади музичари и бендови.
„Светот не е ништо без сите вас, освен едно тивко загадено парче земја без љубов, без гнев, без другарство, без самотија, без луѓе кои не се нелуѓе, без здив, без светлина, без темнина, без потчуство и голотија. МКЦ е нашиот мал свет, секој од нас шетал и талкал и ја барал својата причина на овие коцки тука. МКЦ е излез од целото црнило, МКЦ сме сите ние, љубов и гнев“, изјави тогаш музичарот Мартин Џорлев од колективот „Гола планина“.
2. 13. издание на „Д Фестивал“
Најголемиот летен музички фестивал и годинава собра илјадници млади во Дојран. „Д Фест“ во 2023 беше во својот полн шарм – разноликост на луѓе и енергии и шаренило во музиката. Се изнаслушавме се’, од афро-футуристички панк до њујоршките рапери „Onyx“. Журката како и вообичаено траеше до сабајле сите три дена, последниот и до пладне, а расположението во кампот ништо не можеше да го наруши.
View this post on Instagram
На овој „Д Фест“ Радио МОФ направи и неколку интервјуа со музичари, меѓу кои го издвојуваме разговорот со DJ Goce кој го снимивме набрзина по настапот на македонските рапери Strajk и LD Pistolero.
@radiomof Дј Гоце САФ во бегстејџ на Д фест за Радио МОФ #музика #дјгоце #макрап #рап #мкмузика #capcut ♬ original sound – Радио МОФ
Во 2023 се случи 10. издание на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивалот. Како и досега, и годинава слушавме состави, диџеи и музичари кои доаѓаат од различни делови од Европа. На ПИН и сега го имаше чувството што се буди кога се открива нова музика што води кон нови авантури. Преку ден трите денови имаше музички панели, а навечер МКЦ се полнеше со луѓе гладни за квалитетна музика.
Фото: Радио МОФ
Ангела Бошкоска