Топографски точен глобус на месечината креиран според податоци на НАСА

Дизајнерот Оскар Лермите во соработка со дизајнерското студио Kudu создаде топографски точен глобус на месечината, кој се „менува“ исто како и месечевите мени.

MOON е направен во размер 1:20 милиони во однос на вистинската месечина, а е дизајниран според податоци на НАСА. На него ги има сите месечеви кратери со прецизни детаљи. Како што светилката, односно „сонцето“ ротира околу глобусот, на неговата површина се гледаат сенки. На тој начин точно се претставени и месечевите мени.

Извор: This is Colossal