Тошковски: Повеќе од 20 малолетни лица повредени и три починати, дискотеката немала легална лиценца за работа

Повеќе од 20 малолетни лица се повредени, а три се починати, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Како што изјави министерот, во дискотеката имало околу 500 лица, односно биле продадени околу 250 карти.

„Имињата на починатите, по завршувањето ќе бидат доставени доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица и дел од овие лица ќе бидат пренесени во Турција, Бугарија, Грција и истите ќе им биде даден соодветен третман за лекување“, рече Тошковски.

За трагедијата, досега повеќе од 20 лица се осомничени, а околу 15 лица се приведени. Дел од осомничените се починати, а дел во болница. Тошковски посочи дека дискотеката немала легална лиценца за работа.