Традиционалната меѓунаордна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово ќе се отвори во среда (31 октомври) во просториите на Уметничката галерија на Град Куманово во 19 часот.
Организаторот Фото кино клуб „Козјак“ и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори. Учесниците имаа можност да се престават во неколку категории: тема слободна колор, слободна црно-бела, природа и портрет.
На натпреварот земаа учество 213 автори од 52 земји од целиот свет. Жирито во состав на Раша Милојевиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија) и Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 93 награди во сите четири категории од кои 92 медали и дипломи за фотографии и FIAP најдобар автор на изложбата за Милан Марковиќ од Србија.
Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.
Покровители на изложбата се Министерство за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.