Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ на 13 и 14 јануари во НОБ

Традиционалниот Гала оперски концерт во Националната опера и балет (НОБ) и оваа година по повод празникот „Василица“ ќе се одржи на 12 и 13 јануари (четврток и петок) со почеток во 20:00 часот.

„За да се одбележи традицијата на Василица кога се крши лепче со паричка на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет“, информираат денес од НОБ.

Гала оперскиот концерт е во режија на Дејан Прошев, концерт мајстор е Верица Ламбевска и хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат оперските уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ кои заедно со хорот и оркестарот ќе изведуваат оперски дела од Пучини, Верди, Џордано, де Либ и Штраус – помладиот.

Билети може да се набават на билетарницата во НОБ и онлајн преку овој линк