Трамп ја паузираше воената помош за Украина

САД ја паузираат воената помош за Украина, неколку дена по вербалниот конфликт на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за Ројтерс, пренесе Ал Џазира Балканс.

„Претседателот јасно рече дека е фокусиран на мир. Исто така треба и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Паузираме и ја преиспитуваме нашата помош за да се осигураме дека придонесуваме за решението“, рече официјалниот претставник.

Како што Фокс њуз цитираат претставник на администрацијата на Трамп, ова не е трајно прекинување на помошта, туку пауза.

Блумберг објави дека целата американска воена опрема која моментално не е во Украина е прекината.

Потегот следи откако Трамп ја промени американската политика кон Украина и Русија по преземањето на функцијата во јануари, усвојувајќи попомирлив став кон Москва и судирот со Зеленски во Белата куќа во петокот, кога Трамп го критикуваше дека не е доволно благодарен за поддршката на Вашингтон во војната со Русија.