Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за операта „Травијата“ од Џузепе Верди, која ќе биде изведена на 17 декември 2021, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет (НОБ).
„Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди“, соопштуваат од НОБ.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер од Германија, кореограф: Саша Евтимова.
Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон: Марјан Јованоски.
Во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Диме Петров.
Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет