Во скопскиот клуб „Маракана“ на 18 ноември од 20:30 часот ќе има свирка на бендовите „Trendkill“ и „Skullcrush“.
Trendkill – по три долги години пауза од издавање, го презентираат својот нов материјал во форма на ЕР – со наслов Heavy Fucking Metal. Исто така, ќе го престават и својот нов басист.
Skullcrush – битолската треш метал машинерија доаѓа во Скопје после подолг период, да ја потсети публиката зошто се еден од повозбудливите бендови во македонскиот метал.
„Бидете спремни за метал журка со високооктански рифови!“, стои во најавата.
Влезот за свирката е 250 денари. Настанот е поддржан од Metal Discharge.