Тренинг за студентски права на МОФ на Ад Хок Фестивал

Младинскиот образовен форум одржува тренинг за студентски права во рамките на студентскиот Ад Хок фестивал, во сабота (12.12) во Правниот факултет.

Цел на тренингот е студентите да се запознаат со правата и обврски кои ги имаат за време на студиите. Учесниците ќе се запознаат со тоа како можат да дознаат повеќе како да ги стават студиите во мирување, како да се побара и кој има дозвола на бесплатни студии, како се заштитуваат личните податоци на студентите, распределување на финансиите од давачката ИИКСА, користење на универзитетскиот простор, како да се спротистават на корупцијата на вашиот факултет и повеќе за студентското организирање.

Студентите учесници ќе слушаат предавања од претставници на Државниот просветен инспекторат, Државната комисија за спречување корупција, Дирекција за заштита на лични податоци и  Младинскиот образовен форум.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се студенти на еден од факултетите на УКИМ

– да имаат интерес за подобрување на состојбата на студентите во Р. Македонија

Сите заинтересирани студенти може да се пријават најдоцна до 10-ти декември (четврток) 2015 год. до 12 часот на пладне, со испраќање на следниве информации:

  1. Факултет
  2. Година на студии
  3. Возраст
  4. Контакт телефон
  5. Информација дали студентот членува во некоја организација

Информациите се испраќаат на е-маил адресата: policy@mof.org.mk

Бројот на местата е ограничен. Тренингот ќе се одржи на македонски јазик. Избраните кандидати ќе бидат известени во четврток, 10-ти декември, во попладневните часови.

Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.