На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје денеска ќе биде отворен третиот Саем за вработување и пракса „Контакт“, кој ќе трае до среда (6 април). Саемот го организараат студентите од ФЕИТ и од Факултетот за информатички науки и комуникацики технологии (ФИНКИ).
„Контакт“ е отворен за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои преку три бесплатни модули, ќе можат да ги подобрат своите вештини, да се запознаат со кариерните можности, како и да разговараат со претставници со компании кои ќе се претстават Саемот. Повеќе информации и пријавување за модулите може да најдете тука: https://goo.gl/zKwwGk
„На саемскиот дел ќе имате можност да го искористите своето ново добиено знаење од модулите и полесно да добиете пракса или работа во фирмата во која посакувате. За време на предавањата, со помош на реални примери, вежби и симулација ќе стекнете нови вештини, притоа ќе аплицирате на отворени работни позиции со можност за пракса или вработување во истиот момент.
Опфаќајќи ги сите студенти , со акцент на техничките факултети, настанот има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите од друга страна“, се вели во најавата на настанот.
Повеќе информации на kontakt@kontakt.org.mk или http://kontakt.org.mk/.