Вечерва во Кавадарци се одржи третото издание на фестивалот „Т’к Так фест“ кој се организира во спомен на тапанарот Трајко Каров. Фестивалот ја продолжува неговата мисија – да промовира македонска музика и млади бендови.
Годинава на фесивалот ќе настапат „Нокаут“, новинарскиот рок-состав „Репортерс“, минатогодишните победници – бендот „Ептен“, младите кавадаречки рок-надежи „Џоа бенд“, како и диџеите Фрик и Лако. Организаторите најавуваат и стендап шоу со актерот Сашко Коцев.
Покрај ревијален, фестивалот има и натпреварувачки дел на кој демо бендовите ќе се тркаат за гран-при наградата „Трајко Каров“, во вредност од 30.000 денари, а која се доделува на најдобриот тапанар.
Почетокот на настанот е најавен во 21 часот, а локацијата е базенот „Ал Пачино“.