На третиот годишен конкурс за стрип наградата „Лифт“ добивме петнаесет стрипови од 17 автор(к)и. Само два стрипа се направени во пар. Другите 15 се соло дела, информираат од „Темплум“ преку „Окно“.
Во продолжение, „Окно“ ги претставува, со по една страница, сите пристигнати стрипови.
Резултатите од конкурсот ќе ги објават при крајот на месецов.
Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбедија „Темплум“ (400 евра) и „Бункер“ (100 евра).
Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.
„Ќе објавиме и книга со сите стрипови и, се разбира, ќе направиме свечена промоција (ако дозволат епидемиолошките услови)“, велат организаторите.
Жирито е исто како и минатата година и го сочинуваат: Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Битољану.
Во конкуренција за „Лифт“ наградите за 2020 застапени се следниве автор(к)и: