На 40. издание на фестивалот „Млада камера“ што се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.
Филмот претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот, во филмот настапуваат Верица Недеска и Катерина Петреска.
Антонио Вељаноски е дипломец на филмската академија ФАМУ во Прага, најстарата во Европа од која излегле познатите режисери Милош Форман, Иржи Менцел, Емир Кустурица. Шеф на катедрата за монтажа, каде Вељаноски ги заврши студиите е македонскиот режисер Иво Трајков.