Во организација на Сојузот на Спортови на Скопје на 5 април (недела) како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон, ќе се одржи трета женска трка.
Настанот има за цел да ја подигне свеста за превенцијата од заболувањата преку вежбањето.
„Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност“, се вели во најавата за настанот.
Целата активност ќе се одвива во два дела:
– Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.
– Трка на 1.000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе се повикаат на стартната линија, каде ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути
Повеќе информации за трката и пријавувањето може да се најдат на следниот линк.