Речиси една третина од луѓето размислуваат да ги одложат големите животни настани поради стравовите од климатските промени, открива ново истражување, јавува Евроњуз.
Неизвесноста од климатската криза и стравот дека состојбата со животната средина ќе продолжи да се вложува го зема својот „данок“. Новото истражување направено на 25.000 луѓе и спроведено во 25 земји од истражувачката компанија „Елабе“ и компанијата за управување со вода, отпад и енергија „Веолија“ го открива степенот на оваа вознемиреност.
Околу 30 отсто од луѓето во светот се чувствуваат вознемирени за иднината, „често“ размислуваат за климатските промени и размислуваат да се откажат од долгорочните цели како што е тоа, да имаат деца.
„(Овој број се зголемува на повеќе од) 33 отсто во Полска, Индонезија, Јапонија, Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико и до 58 отсто во Индија“, се вели во истражувањето.
Во Соединетите Американски Држави, 25 отсто од испитаниците го почувствувале стисокот на оваа тешка еко-анксиозност, која се однесува на чувство на стрес и страв за иднината на планетата. Како што известувањето за тешки временски услови стануваат се почести, а насловите се полни со вести за обилни поплави, пожари и суши, тоа станува вообичаено чувство.
Истражувањето открива дека исто така тоа може да има огромно влијание врз тоа како луѓето го планираат својот живот. Но, исто така открива и зголемена поддршка за климатските активности.