Милка Геровска го освои третото место, додека Теодора Столевска се најде на четвртото место како најдобар говорник во категоријата дебатери на кои англискиот им е странски јазик (English as foreign languageEFL). Тие како тим стигнаа до финалето на Светско универзитетско дебатно првенство 2016 , со што постигнаа најдобар пласман досега на овој престижен светски настан.
Столевска и Геровска се дебатерки од Младинскиот образовен форум – МОФ, а бидејќи првенството е студентско, тие го претставуваа скопскиот универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Воедно, тие се први дебатерки од Македонија кои се пласираа во финалето на овогодинешното првенство.
Настанот годинава се одржа во Солун, а започна на 27 декември. На него учествуваа повеќе од 400 тимови од целиот свет кои ги спротивставија своите дебатни вештини преку 9 прелиминарни рунди, полуфинална и финална рунда. На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории: натпревар на дебатери на кои англискиот јазик им е мајчин јазик, дебатери на кои англискиот им е втор јазик како и категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик.