Во период кога низ улиците на Струга се врши масовно труење на незгрижените кучиња, три кучиња успеаа својот дом да го најдат дури во Холандија, соопштија од здружението Animal World.
И покрај сите процедури потребни за овие кучиња да стигнат до својот дом, Animal World со подршка од холандските државјани успеаја во својата замисла.
„Во период кога свеста меѓу граѓаните за вдомување на нерасни кучиња е на многу ниско ниво и кога немаме никаква подршка од одговорните институции за хумано справување со проблемот на бездомните животни, ова претставува единствена опција” – велат од здружението.
Оттаму посочуваат дека како здружение се залагаат за хумано решавање на овој проблем преку примена на методот „Залови, кастрирај/стерилизирај, врати“ и бараат отвoрање прифатилиште за згрижување на бездомните животни.
„Срамота е едно општество кое се стреми кон Европа сеуште да користи вакви методи за справување со бездомните животни. Да се надеваме дека и многу други кучиња ќе ја имаат истата среќа како Марта, Пипа и Жорже” – велат од здружението Animal World.