Филмот “Три дена во септември“, на режисерот Даријан Пејовски е селектиран во програмата „Focus Europe“ на овогодинешното издание на ФЕСТ Белград. 44 издание на фестивалот се одржува од 26 февруари до 6 март. Ќе бидат прикажани вкупно 110 филмови во 12 програми. Годинава белградскиот филмски фестивал се одржува под мотото „Ги брише границите“.
Македонскиот филм премиерно ќе биде прикажан во програмата „Фокус Европа“ на 2 март. „Три дена во септември“ е долгометражен првенец на Пејовски, кој минатата година беше селектиран на неколку филмски фестивали, меѓу кои во Монтреал, Чикаго и други.
Во главните улоги настапуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Салетин Билал, Милица Стојанова. Директор на фотографија е Димо Попов, Сценариото е на Игор Иванов Изи и на Пејовски, музиката е на Александар Пејовски.