Три години Закон за млади – функционира, ама не функционира

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Не е формирано. Не функционира. Не е реализирано. Доцни. Нема заинтересираност…

    Ова беа најчестите зборови кои во петокот се слушаа на собраниската дискусија за младинските политики, која доминантно се однесуваше на имплементирањето и недостатоците на Законот за младинско учество (Закон за млади) кој беше донесен на почетокот на 2020 година.

    Целта на законот беше да се зајакне младинското учество, да се засили влијанието на младите врз политиките од нивен интерес и да се воспостават повеќе сервиси на локално и национално ниво кое ќе помогне во нивниот активизам и социјален развој. Но, повеќе од три години подоцна имплементацијата на законот е со огромни проблеми, а беа прекршени законските рокови за речиси сите тела кои требаше да се формираат.

    Александар Каратошо, од Европска демократска младинска мрежа смета дека тоа што се предвидуваат центри, совети, канцеларии и собранија на млади во секоја општина е една од главните причини за проблемите во имплементацијата на Законот.

    „Законот треба да се дооформи. Треба повеќе да се гледа квалитетот наместо квантитетот. Не може да чекаме на мали општини како Зрновце, Лозово, Вевчани со по 2,5 илјади луѓе да има локален младински совет и младински центар што е навистина неодржливо. Буџетот на центарот таму ќе биде многу мал – 1.000-1.200 евра. Јас би одел со иницијатива дека треба да се формираат регионални центри, наместо локални и регионални совети наместо локални. Затоа што бројот на млади луѓе таму е навистина мал. Секако, треба да се направи нешто таму, не смееме да ги оставиме да извисат, тоа не е опција, но треба да се види како тоа да биде пофункционално“, посочи Каратошо.

    Тој потенцираше дека треба да се додадат и казни за неисполнување на законските одредби.

    „Како може да повикаме на одговорност, ако нема казни? Законот може да си постои, како што постојат и многу други закони, но ако немаме ниво како да повикаме одговорност од институциите, како ќе го спроведеме овој закон во пракса?“, запраша Каратошо.

    Службеникот за млади во Општина Куманово, Мартин Крстиќ преброи дека на собраниската дискусија присутни се само три службеници за млади. Токму тоа, според него, е илустративен пример за нивната мотивираност, поддршката и слободата која ја имаат од институциите каде работаат.

    „Од моето искуство, во комуникација со други службеници за млади, за тие да одат на некоја обука која им е потребна за нивната работна позиција, тие мора да земаат одмор од работа и да користат свои средства за да се едуцираат во полето кое им е потребно да работат во самата институција“, рече Крстиќ.

    Видео од разговорот со службеникот за млади во Општина Куманово од февруари 2022 година

    Тој напомена дека постои многу конфузија околу работните обврски кои ги имаат службениците за млади и дека никој не знае точно што е делокругот на нивната работа.

    „Од нас се бара да бидеме добри во секоја област. Да бидеме правници, сами да изготвуваме одлуки, договори и јавни повици. Да бидеме економисти, да правиме програма за Канцеларија за млади, да знаеме да организираме настани, културно манифестации и слично. А треба да бидеме и добри политичари – да водиме политика и со колегите и со претпоставените за да можеме нешто да направиме и да изреализираме“, додаде Крстиќ.

    За надминување на проблемите кај функцијата службеник за млади еден од предлозите при дискусијата беше оваа функција да биде дефинирана како посебно работно место, а не како што е сега – тоа да е дополнителна обврска на веќе вработените во општините и државните институции.

    Дополнителна конфузија има и при формирање на локалните младински собранија, кои потоа ги бираат локалните младински совети кои ги застапуваат младите во општинските совети. Според Петар Барлаковски, од Младинскиот образовен форум (МОФ), потребно е унифицирање на процедурите за воспоставување на овие младински претставнички тела.

    „Поради недостаток на унифициран подзаконски акт имаме ситуации во која скоро секоја општина на различен начин го формира иницијативниот одбор, локалното собрание за млади и локалниот младински совет. Дополнително, сите тие имаат различни функции во секоја општина. На ниво на цела држава има огромна дискрепанција во однос на тоа како функционираат овие совети. Добро е што има прирачници, но сметам дека прво треба да се градат капацитетите на службениците внатре во општините. Специфично да се одреди лице кое ќе биде надлежно за координација и надзор на овие процеси“, смета Барлаковски.

    Од конститутивната седница на Собранието на млади на Град Скопје / Фото: Град Скопје

    Во најголем фокус на дискусијата беа буџетските средства за спроведување на овој Закон. Според текстот државата годишно треба да одвојува 0,3% од Буџетот за оваа намена, додека општините треба да издвојуваат по 0,1%. Проблемот е што никој не знае каде треба да одат оние државни пари и за каква намена.

    „Политика без буџетски импликации е само желба. И мислам дека натака оди и имплементација на Законот. Мое гледиште е дека сè што е направено е од скромните капацитети на Агенцијата за млади и спорт и граѓански организации кои добиваат средства од меѓународните организации. Ако одиме со ова темпо, отприлика 10% е спроведен законот, ќе ни требаат уште 10-15 години за целосно да се имплементира законот ако чекаме. Клучно за мене се оние 0,3% од Буџетот на Северна Македонија кои се предвидени за спроведување на Законот. Дури и половина од тоа да се одредат за спроведување на законот сè ќе биде полесно. Ќе се направи Собрание, ќе се направи советодавно тело ќе има поголем мониторинг. Ќе се направат и центри и службеници и ќе се изградат капацитети. Без пари од Буџетот ќе си правиме само вакви дискусии“, рече Иван Јованов од организацијата LEAD.

    Од нашата посета на младинскиот центар во Кавадарци во октомври 2021 година

    И од Агенцијата за млади и спорт предупредија на овие недоречености и предложија промени на Законот за прецизирање на намената на тие пари.

    „Ако ги пресметаме овие 0,3%, тоа се огромни средства и Министерството за финансии во ниту еден случај не размислува да ги даде на Агенцијата за млади и спорт како буџет. Затоа предлагаме овој член, во делот со финансирање, или да се ревидира или да се допрецизира. Да се дефинира од кои средства и за кој се наменети тие средства – дека стриктно се наменети за Агенцијата. Бидејќи во моментов се размислува дека овие 0,3% се однесуваат на политиките за млади за цела држава“, напомена Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт.

    „Како Клуб на млади пратеници и ние нотиравме дека голем проблем се средствата кои се одвојуваат. Правиме напори, по принципот на родово буџетирање, да се направи нешто како младинско буџетирање. Идејата е да можеме ние во Буџетот, кога ќе стигне, да видиме јасно по ставка каде се издвојуваат средства за млади и доколку има нереализираност на тие средства да ги повикаме одговорните институции зошто дозволиле нереализираност на средствата“, рече пратеничката Моника Зајкова, од Клубот за млади пратеници.

    На дискусијата беа предложени и други промени како дигитализација на процесот на регистрирање на младинските организации во регистарот кој го води Агенцијата за млади и спорт, поголема промоција на Законот за млади и зголемување на буџетот кој општините треба да го издвојуваат за спроведување на Законот.

    Даниел Евросимоски

  • Tre vjet Ligji për të rinjtë – funksionon, por nuk funksionon

    I pa formuar. Nuk funksionon. Nuk është realizuar. Vonon. Nuk ka interes…

    Këto ishin fjalët më të zakonshme që u dëgjuan të premten në diskutimin parlamentar për politikat rinore, të cilat kryesisht i referoheshin zbatimit dhe mangësive të Ligjit për pjesëmarrje rinore (Ligji për të rinjtë) i miratuar në fillim të vitit 2020.

    Qëllimi i ligjit ishte forcimi i pjesëmarrjes së të rinjve, forcimi i ndikimit të të rinjve në politikat në interes të tyre dhe krijimi i më shumë shërbimeve në nivel lokal dhe kombëtar që do të ndihmonte në aktivizmin dhe zhvillimin e tyre social. Por më shumë se tre vjet më vonë, zbatimi i ligjit ka probleme të mëdha dhe janë shkelur afatet ligjore për pothuajse të gjitha organet që duhej të krijoheshin.

    Aleksandar Karatosho, nga Rrjeti i Rinisë Demokratike Evropiane, beson se fakti që në secilën komunë parashihen qendra, këshilla, zyra dhe kuvende të të rinjve është një nga arsyet kryesore të problemeve në zbatimin e ligjit.

    “Ligji duhet të ri formohet. Duhet parë më shumë cilësia sesa sasia. Nuk mund të presim që komunat e vogla si Zrnovca, Lozova, Vevçani me nga 2,5 mijë banorë të kenë një këshill lokal rinor dhe qendër rinore, gjë që është vërtet e paqëndrueshme. Buxheti i qendrës atje do të jetë shumë i vogël – 1000-1200 euro. Unë do të shkoja me iniciativën që në vend të këshillave lokale të formoheshin qendra rajonale dhe këshilla rajonale në vend të këshillave lokale. Sepse numri i të rinjve atje është vërtet i vogël. Natyrisht, duhet bërë diçka atje, nuk duhet t’i lëmë, nuk është opsion, por duhet të shohim se si mund të jetë më funksionale”, theksoi Karatosho.

    Ai theksoi se për mos përmbushjen e dispozitave ligjore duhet të shtohen dispozita ligjore.

    “Si mund të bëjmë thirrje për përgjegjësi nëse nuk ka dënime?” Ligji mund të ekzistojë, siç ekzistojnë edhe shumë ligje të tjera, por nëse nuk kemi një nivel për të kërkuar llogari nga institucionet, si do ta zbatojmë këtë ligj në praktikë?”, pyeti Karatosho.

    Nëpunësi për të rinjtë në Komunën e Kumanovës, Martin Krstiq, tha se në diskutimin parlamentar kanë qenë të pranishëm vetëm tre nëpunës për të rinj. Sipas tij, pikërisht ky është një shembull ilustrues i motivimit të tyre, mbështetjes dhe lirisë që kanë nga institucionet ku punojnë.

    “Nga përvoja ime, në komunikimin me nëpunës të tjerë rinor, në mënyrë që ata të marrin ndonjë trajnim që u nevojitet për pozicionin e tyre të punës, duhet të marrin pushim nga puna dhe të përdorin mjete të tyre financiare që të edukohen në fushën e cila ju duhet në vetë institucionin”, tha Krstiq.

    Video nga biseda me nëpunësin për të rinj në Komunën e Kumanovës nga shkurti i vitit 2022

    Ai përmendi se ka shumë konfuzion në lidhje me detyrat e punës së nëpunësve për të rinjtë dhe se askush nuk e di saktësisht se cili është fushëveprimi i punës së tyre.

    “Nga ne kërkohet të jemi të mirë në çdo fushë. Të jemi avokatë, të hartojmë vetë vendime, kontrata dhe thirrje publike. Të jemi ekonomistë, të bëjnë një program për Zyrën rinore, të dinë të organizojnë ngjarje, manifestime kulturore e të ngjashme. Ndërkaq ne duhet të jemi edhe politikanë të mirë – të bëjmë politikë me kolegë dhe eprorë që të mund të bëjmë diçka dhe ta realizojmë atë”, shtoi Krstiç.

    Për të tejkaluar problemet me pozitën e nëpunësit për të rinjtë, një nga propozimet gjatë diskutimit ishte që ky pozicion të përkufizohej si një vend pune më vete, dhe jo si tani – që të jetë një detyrim shtesë i të punësuarve në komunat dhe institucionet shtetërore.

    Konfuzion shtesë ka edhe në themelimin e kuvendeve rinore lokale, të cilat më pas zgjedhin këshillat rinore lokale që përfaqësojnë të rinjtë në këshillat komunale. Sipas Petar Barlakovski, nga Forumi Arsimor Rinor (FAR), është i nevojshëm unifikimi i procedurave për themelimin e këtyre organeve përfaqësuese të të rinjve.

    “Për shkak të mungesës së një akti nënligjor të unifikuar, kemi situata në të cilat pothuajse çdo komunë formon ndryshe bordin iniciues, asamblenë rinore lokale dhe këshillin rinor lokal. Përveç kësaj, të gjitha ato kanë funksione të ndryshme në secilën komunë. Në nivel të gjithë vendit, ka një mospërputhje të madhe në mënyrën se si funksionojnë këto këshilla. Është mirë që ka doracakë, por mendoj se fillimisht duhet të ndërtohen kapacitetet e nëpunësve brenda komunave. Duhet të përcaktohet konkretisht personi i cili do të jetë përgjegjës për koordinimin dhe mbikëqyrjen e këtyre proceseve”, vlerëson Barlakovski.

    Nga seanca konstituive e Kuvendit për të Rinjtë të Qytetit të Shkupit / Foto: Qyteti i Shkupit

    Fokusi më i madh i diskutimit ishin mjetet buxhetore për zbatimin e këtij ligji. Sipas tekstit, shteti duhet të ndajë çdo vit 0.3% të buxhetit për këtë qëllim, ndërsa komunat duhet të ndajnë nga 0.1% secila. Problemi është se askush nuk e di se ku duhet të shkojnë ato para të shtetit dhe për çfarë qëllimi.

    “Një politikë pa implikime buxhetore është vetëm një dëshirë. Dhe mendoj se zbatimi i Ligjit po shkon në këtë drejtim. Mendimi im është se gjithçka që është bërë është nga kapacitetet modeste të Agjencisë për Rini dhe Sport dhe organizatave të shoqërisë civile që marrin fonde nga organizatat ndërkombëtare. Nëse shkojmë me këtë ritëm, ligji është rreth 10% i zbatuar, do të na duhen edhe 10-15 vite të tjera për ta zbatuar plotësisht ligjin nëse presim. Me rëndësi për mua janë 0.3% e Buxhetit të Maqedonisë së Veriut që janë paraparë për zbatimin e ligjit. Madje edhe gjyma prej tyre të caktohen për zbatimin e ligjit do të bënte gjithçka më të lehtë. Do të krijohet një Kuvend, do të krijohet trupi adekuat këshillues dhe do të ketë një monitorim më të madh. Do të bëhen edhe qendra dhe nëpunës dhe do të ndërtojnë kapacitete. Pa para nga Buxheti do të kemi vetëm diskutime të tilla”, tha Ivan Jovanov nga organizata LEAD.

    Nga vizita jonë në qendrën rinore në Kavadar në tetor 2021

     

    Dhe Agjencia për Rini dhe Sport paralajmëroi për këto paqartësi dhe propozoi ndryshime në ligj për të specifikuar qëllimin e këtyre parave.

    “Nëse e llogarisim këtë 0.3%, këto janë fonde të mëdha dhe Ministria e Financave në asnjë mënyrë nuk mendon t’i japë si buxhet Agjencisë për Rini dhe Sport. Kjo është arsyeja pse ne sugjerojmë që ky nen, në pjesën e financimit, të rishikohet ose rafinohet. Të përkufizohet se nga cilat fonde dhe për kë janë dedikuar ato mjete – se ato janë të dedikuara rreptësisht për Agjencinë. Sepse aktualisht po konsiderohet se këto 0.3% i referohen politikave rinore për mbarë vendin”, tha Gordana Cekova nga Agjencia për Rini dhe Sport.

    “Edhe si Klub i deputetëve të rinj kemi vërejtur se fondet e ndara janë një problem i madh. Ne po bëjmë përpjekje, duke ndjekur parimin e buxhetimit gjinor, që të bëjmë diçka si buxhetimi për të rinjtë. Ideja është që në Buxhet, kur të vijë ai, të mund të shohim qartë sipas zërave se ku ndahen fondet për të rinjtë dhe nëse ka mosrealizim të atyre fondeve, të thërrasim institucionet përgjegjëse pse e kanë lejuar mosrealizimin e mjeteve”, tha deputetja Monika Zajkova, nga Klubi për deputetë të rinj.

    Në diskutim u propozuan ndryshime të tjera, si digjitalizimi i procesit të regjistrimit të organizatave rinore në regjistrin e mbajtur nga Agjencia për Rini dhe Sport, promovimi më i madh i Ligjit për të rinjtë dhe rritja e buxhetit që komunat duhet të ndajnë për zbatimin e Ligjit.

    Daniell Evrosimoski