Три македонски репрезентации во „Counter strike: Global Offensive“ (CS:GO), „Dota2“ и „eFootball“ на почетокот на декември ќе се натпреваруваат на Светското еспорт првенство кое ќе се одржи во Бали, Индонезија.
Македонскиот тим во „CS:GO“ како европски шампион директно влегува во финалната фаза на првенството, исто како и репрезентацијата во „Dota2“ која на Европското еспорт првенство заврши на второто место. Единствено, македонскиот тим во „eFootball“ ќе се натпреварува во „плејинг“ фазата каде ќе се натпреваруваат повеќе од 60 држави.
Спортскиот директор на Македонската еспорт федерација Игор Недески за Радио МОФ објаснува дека првите натпревари на македонските репрезентативци во „CS:GO“ и „Dota2“ се закажани за 6 декември, кога почнува и финалната фаза, додека „eFootball“ тимот со натпреварите почнуваат од 3 декември.
„(н.з. Очекуваме) три пехари. Сите се психички пред сѐ многу подготвени. Разбираат која им е улогата во Светското првенство и се спремни да донесат успеси“, вели Недески.
Светското првенство оваа година се одржува од 1 до 12 декември, а бројни национални репрезентации ќе се натпреваруваат во игрите „Dota2“, „CS:GO“, „Tekken 7“, „eFootball“, „PUBG Mobile“ и „Mobile Legends: Bang Bang“.
View this post on Instagram
Мартин Колоски