Преку warmup денот, кој минатата недела се одржа во „Јавна соба“, три нови македонски стартапи обезбедија влез во Investment Ready Program во Виена.
Организаторите посочуваат дека ова е втор таков настан преку кој се добива можноста за социјалните стартапи да влезат во програмата и преку менторство во Виена да ги подобрат своите капацитети, кои ќе ги направат попримамливи за странски инвестиции. Инвестициите, велат тие, се веќе обезбедени и ќе се случат на крај од целиот процес во 2018-та година.
„Целта на нашиот Лаб е што повеќе да ги охрабруваме домашните иноватори да размислуваат во насока на социјално претприемништво и нашиот главен фокус е импактот кој се врши при дејностите на самиот стартап“, додаваат тие.
Во септември ќе се случи и третиот по ред warmup ден на кој ќе се одберат најдобрите стартапи за влез во програмата. Целата програма е финансирана од Австриската Агенција за развој. Процесот на градење на бизнисите се одвива во Импакт Хаб Виена, а имплементацијата во Македонија е преку Social Impact Lab од Скопје.
На 16ти март во официјалната програма во Виена влегоа стартапите http://organikanova.com/ (Органско ѓубриво од калифорниски црви), http://seedoflife.com.mk/ (Производство на сирова храна) и http://www.dibiaggiony.com/ (Сензор кој ќе мери важни параметри кај спортистите).