Јавна трибина на тема „Минимален достоинствен приход во македонски контекст“ ќе се одржи на 17 октомври (четврток) во 13.00 часот, во салата за состаноци на Филозофскиот факултет во Скопје.
Цел на трибината е одбележување на 17 октомври, Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, како и презентација на потребата од воведување на минималниот достоинствен приход и отворање на процесот на негово дефинирање како дел од социјалната политика на Република Македонија.
На трибината ќе се обратат :
– Мила Царовска– Претседател на МППС
– Проф. Д-р Маја Геровска Митев – Институт за социјална работа и социјална политика
– Џелал Хоџиќ –Граѓанска иницијатива „8 септември“
Настанот е поддржан од Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“. Јавната трибина е дел од движењето за достоинствен живот во организација на Македонската платформа за борба против сиромаштијата и граѓанската иницијатива „8 септември“.