Студентски пленум организира трибина во петок на тема „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“. Трибината ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во амфитеатар број 2, во Скопје, со почеток од 14 часот.
На трибината ќе учествуваат универзитетските професори Билјана Ванковска, Небојша Вилиќ, Маја Бојаџиевска, Љубомир Цуцуловски и Дана Прелиќ.
Секој професор ќе има 10-минутно излагање, а потоа и публиката ќе има можност да поставува прашања.