Што ако во државата имаме групи на работници/работнички кои сеуште не се ниту класифицирани со тој термин: работништво? Што ако во државата имаме групи на работници на кои условите на работа не само што не им се пристојни туку се застрашувачко лоши? Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во петок (7 октомври), Светскиот ден за пристојната работа, во ГЕМ клуб, од 11 до 13 часот.
Неколку панелисти ќе зборуваат за нивните сведоштва како и аргументите/сториите на претставниците на дел од целните групи за кои велат дека се на маргините на државата.
На трибината ќе зборуваат Билјана Тануровска, Маја Стевановиќ, Ѕвездан Георгиевски, Ирена Цветковиќ и претставник/претставничка од ЛД Солидарност.
„Трибината не е наречена ‘неПристојната работа во Македонија’ поради тоа што ќе биде претставена ситуацијата и на сексуалните работници/работнички во Македонија туку поради фактот што многу од работниците чувствуваат дека работните услови во државата се непристојни“, велат од Фондацијат