По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај, левичарското движење „Солидарност“ и независната иницијатива за родова еднаквост „Бори се женски“ организираат трибина на која ќе се зборува за работничките права на жените и за специфичната положба на жените од различнa социјалнa позадина на пазарот на трудот.
Говорнички на трибината ќе бидат:
– Неда Коруновска – Реактор (истражување во акција)
– Бојана Јовановска – независна истражувачка
– Дороти Пачкова – претставничка на самохраните мајки
– Претставничка на жените од ромската заедница, чија потврда за присуство ја чекаме.
Модераторка на трибината ќе биде Ана Василева.
На трибината ќе биде прикажан и краткиот филм „Од 3 до 22“ на Крешо Голик.
Трибината ќе се одржи во Институтот за општествени и хуманистички науки во вторник во 19:00 часот.