Што е Универзитет? Што е академска заедница?Во кои случаи имаш право да бараш бесплатно школување?Дали професорот има право да те условува да купиш негов учебник за да добиеш оценка по неговиот предмет?, се само дел од прашањата на кои ќе се разговара на трибината „Студенту, ти имаш право да знаеш!“ која ќе се одржи на 11 декември(четврток) на Правниот факултет.
Почетокот на настанот е закажан во 10 часот, а говорници ќе бидат Ѓорѓи Илиевски, инспектор во Државниот просветен инспекторат, студентски правобранител при УКИМ Васка Бојаџи и Кристина Митрова од Младински образовен форум.
На трибината ќе биде промовирана брошурата „Студенту, ти имаш право да знаеш“ во која се содржани правата на студентите загарантирани со Статутот на Универзитетот, и во која се објаснети практични примери од досегашната работа на Државниот просветен испекторат и Младинскиот обазовен форум.