Независниот академски синдикат (НАкС) вечерва организира трибина на која ќе бидат претставени кандидатите за нов Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Трибината ќе започне во 18:30 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности.
Претставувањето на кандидатите Горан Ајдински, Биљана Ангелова, Ратко Дуев, Атанас Кочев, Христина Спасевска и Димитар Ташковски ќе трае до 19:30 часот, по што е најавена отворена дискусија и прашања од публиката. Модератори на трибината се Јасмина Јакимова од БИРН Македонија и Виктор Стефов од Природно-математичкиот факултет.
Изборите за ректор се закажани за 30 мај. Радио МОФ претходно ги пролиста програмите на кандидатите за ректор, со цел да провериме кои се главните проекти кои тие ги ветуваат на студентите и на своите колеги професори, нивните вредности и визијата која ја нудат доколку ја добијат довербата да го предводат УКИМ.
Повисоки плати, иновации, нови студиски програми – Што ветуваат кандидатите за ректор на УКИМ?