Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје заедно со Кино Култура ја организира втората научна трибина, овој пат насловена како „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија”.
На трибината со свои предавања ќе учествуваат проф.д-р.Арбен Таравари-специјалист невролог и Виш научен соработник при Клиниката за неврологија; Доц.д-р Аспазија Софијанова-специјалист педијатар и професор при Медицински Факултет; Др.сци Нико Беќаровски-специјалист токсиколог и виш научен соработник при Клиника за токсикологија;Др.Дарко Костовски-специјалист психијатар при ГОБ 8-ми Септември; Асс.Др.Филип Гучев-специјалист реуматолог и Др.Игор Стојковски-специјалист онколог.
Трибината ќе се одржи на 7 март во Кино Култура од 13 до 15:30 часот. Модератор на научната расправа ке биде Ивана Драгшиќи, долгогодишен активист за легализација на канабис, а воведен говор ќе одржи коосновачот и новинар Огнен Jанески.