Со цел повторно актуализирање на потребата за воведување на сеопфатно сексуално образование, младинската група на ХЕРА заедно со Y-PEER, организираат младински настан за промоција на сеопфатното сексуално образование во Македонија.
На трибината насловена „Зошто сеопфатно сексуално образование?“ ќе се обратат три говорници: Огнен Јанески, новинар и граѓански активист, Ана Василева од „Бори се женски“ и Дамјан Николовски од Y-PEER.
Јанески ќе се осврне на важноста на новинарите како едни од клучните актери за подигнување на свеста на генералната популација за ова прашање како и потребата од поголема застапеност на оваа тема во медиумите. Ана Василева од „Бори се женски“ ќе говори за сексуалното образование како важна алатка во кршењето на родовите стереотипи и родовата нееднаквост во Македонија. Дамјан Николовски од Y-PEER ќе се осврне на актуелната состојба со сексуалното и репродуктивното здравје и права кај младите во Македонија.
Фасилитаторка на настанот ќе биде Благица Петрова, од Национален Младински Совет на Македонија. Трибината која ќе се одржи во вторник во 11.00 часот во ГЕМ клубот е од отворен тип и се повикуваат сите заинтересирани млади да земат активно учество во дискусијата.
„Зошто #ССО?“ се организира во соработка со Y-PEER Macedonia, со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Македонија.