Tricky доаѓа на Таксират годинава

Уште едно изненадување за главната вечер на овогодинешното издание на „Таксират“ фестивал која ќе се одржи на 7. декември во „Метрополис Арена“ во Скопје е легендарниот британски музичар и продуцент Adrian Thaws, на светската сцена повеќе познат како Tricky, кој првпат ќе настапи на фестивалот, но и воопшто пред македонската публика.

Tricky доаѓа на Таксират годинава

Tricky денес е синоним за трип хоп музиката и една од клучните фигури во развојот на денешната музика кој важи за врвен мајстор на андерграунд сцената, на која музиката е во прв и единствен план. Како продуцент и музичар, тој е препознатлив по неговиот темен, богат и слоевит звук со моќен и уникатен лирски стил. Во својот уметнички израз Tricky спојува различни стилови, особено во неговата музика која е спој на рок и хип-хоп, висока уметност и поп култура.

Својата кариера ја започна на почетокот на деведесттите години на минатиот век како член на британската рап група The Wild Bunch, која подоцна прерасна во Massive Attack. Tricky соработуваше со „Масив Атак“ на нивниот славен деби албум „Blue Lines“, како и на нивното второ издание „Protection“.

Самостојната кариера Tricky ја започна со дебитантскиот сингл „Aftermath“ и мегауспешниот албум „Maxinquaye“.

Денес Tricky зад себе има 11 студиски изданија од кои последниот насловен „Adrian Thaws“ беше објавен во септември годинава.

Извор