Тринаесетгодишен Американец е првиот човек кој некогаш победил во „Тетрис“, класичната видео игра на Нинтендо објавена пред повеќе од три децении, пишува „Ројтерс“.
Вилис Гибсон кој е потпишан како „Блу Скути“ го снима процесот во видеото објавено на неговиот канал на Јутјуб на 2 јануари.
Гибсон, според „404 Media“ ги собори светските рекорди за вкупен резултат, постигнато ниво и вкупен број на линии.
„Ова е неверојатно. Програмерите не мислеа дека некој може да стигне толку далеку, а сега играта официјално ја победи човечко суштество“, изјави Винс Клементе, извршен директор на Светското првенство во класичен тетрис.
Претходно, како што рече Клементе, во „Тетрис“ има победено само компјутерска програма со вештачка интелигенција.
„Тетрис“ првпат беше објавена во 1984 година и речиси веднаш стана светска сензација. Играта ги предизвикува играчите да ротираат и да спојат седум различни форми на блокови кои паѓаат. Создадена од Алексеј Пајтинов на Московската академија на науките за време на Студената војна и развиена како бизнис од претприемачот Хенк Роџерс, „Тетрис“ покаќа неверојатна моќ на опстанок низ многу генерации. Таа, според компанијата „Тетрис“ е најпродаваната видеоигра на сите времиња, со 520 милиони продадени копии.