„Тринаесетката“ на „Земјотрес“ на 1 март во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 1 март од 19 часот ќе започне 13. издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“.

„Да се биде инди фестивал кој континуирано секоја година го полни МКЦ со најубавата градска младина и покажува дека и покрај сите ПОТРЕСИ имаме извонредно добра музичка сцена е ПОБЕДА. Навидум изгледа како не баш голем предизвик, НО да живееш ОВДЕ и да бидеш воден од она убавото во создавањето на уметност/музика без компромиси, е те како победа. И покрај сите градски магли, загадено општество, затворени простори и глави, да продолжиш да твориш и го носиш ветерот на промена која најавува нова пролет, е победа. Победа за сцената, победа за секоја нова генерација која и дава нов звук и надеж, победа за ЗЕМЈОТРЕС како фестивал на свежа, домашна и независна музика кој веќе 13 години го носи ветрот на оваа вибрантна и многу значајна сцена. Дојдете заедно да победиме по 13 пат!“, стои во најавата за „Земјотрес“.

На фестивалот се најавени 20 различни настапувачи, бендови и артисти: AUM, D.N.O., Elena Vasova, Fiction, Grinsen, L.O.V.D, Lost in Reverie, LV$T, Martina Peneva, Martix, Speysd
Svetlost, Tsar Von Time, Viktor Apo, YÖU, Nema Labavo, Nikartik, OVC Kolektiv, Poetronika и Ruststained.

„ЗЕМЈОТРЕС #13 го посветуваме на Мирко Попов, неуморен ветер на промена и еден од основачите и организаторите на ЗЕМЈОТРЕС“, се вели во најавата.

***

Во тесни улици, градот ми шепоти,
И да се опстане е победа

(од „Последната Битка“ – ПМГ Колектив/Клан Секулар, текст: Мирко Попов)