Триото „Жен“ вечер свири во „Ла Кања“

Составот „Жен“  од Загреб вечерва (понеделник, 31 март) од 20 часот настапуваат пак во Скопје.

Трите девојки ќе свират во „Ла Кања“.

Од 2010 година, „Жен“ ја обликуваат својата звучна експресија преку мешање елементи од пост-рок, шугејз, прог-инди рок и нео-психоделија. „Жен“ се страствени амбасадори на DIY етиката, останувајќи активни на европската музичка сцена веќе 15 години.

Од самите почетоци, тие се задолжени за својот распоред за настапи, како и дизајнот и продукцијата на својот мерч. Покрај тоа, тие самостојно изградија и опремија сопствено студио, каде што го снимија и последниот студиски албум „Циклус“ (Ciklus) во 2024 година.

Издаваат под независниот лабел „Moonlee Records“, a во Скопје повторно доаѓаат како дел со соработката со домашната самостојна издавачка куќа „Мртов коњ“, создадена лани од „Гола Планина Колектив“.

Влезот на свирката во „Ла Кања“ е препорачана донација.