Младинската организација „Младите можат“ организира финалната осма тркалезна маса која ќе се одржи утре (9 декември) во Скопје, 10:00 часот, во хотел Карпош.
Целта на тркалезните маси е да им се даде можност на младите како и останатите чинители во младинскиот сектор да го кажат своето мислење и да ги идентификуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во нивната локална заедница.
Како претставици на тркалезните маси ќе присуствуваат членови на младински организации, подмладоци на политички партии, локалната самоуправа и индивидуалци.
За учество на тркалезната маса потребно е да се регистрирате на следниот линк. Вкупно 40 млади ќе имаат можност да учествуваат.
Дополнително, на тркалезната маса ќе биде промовирана публикацијата „Have your say” на Советот на Европа, целосно преведена на македонски јазик.
На тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од Град Скопје. Организаторите ќе ги покријат патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Заклучоците и препораките од сите тркалезни маси ќе бидат споделени со сите релевантни чинители кои работат на полето на младите во Македонија.
Проектот е имплементиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и во периодот од ноември-декември 2015 беа организирани седум тркалезни маси ширум земјава за потребите на младите на локално ниво во седум региони.