Тројца млади претприемачи тврдат дека конечно нашле решение за проблемот со крадењето велосипеди. Тие велат дека го направиле првиот велосипед во светот кој не може да се украде.
Според овие студенти од Чиле, рамката што се користи за заклучување на велосипедот за столб или дрво, се расклопува и тоа не одзема повеќе од 10 секунди.
Тие минатата недела ја добиле нивната прва нарачка од 300 велосипеди.
Откако успешно дизајнирале прототип, Cristóbal Cabello, Andrés Roi Eggers и Juan José Monsalve, го напуштиле универзитетот за целосно да се посветат на дизајнот за велосипедот. Финансиски им помогнала државна фирма која инвестирала 100 000 долари за целосно истражување и развој, но ја користеле и интернет платформата Indiegogo за да го продаваат продуктот, наречен Yerkas.
„Одбравме онлајн платформа за да собереме средства, бидејќи е најлесниот начин да се рашири производот низ светот“, објаснува Cabello.
„Тоа е интернационална веб страница која е добро позната и купувачите ќе можат да плаќаат сигурно со кредитна картичка. Тоа беше најсигурниот начин за спавување со парите“.
Преку кампањата, младите претприемачи досега успеале да продадат 197 велосипеди, од кои повеќе од половина се за САД, една третина за Европа, а мал дел од порачките се за Австралија, Хонг Конг и Нов Зеланд. Само 15 отсто од велосипедите биле продадени во Чиле.
„Мислам дека е до културата“, вели Cabello.
„Во Чиле немаме навика да возиме велосипеди како секојдневно превозно средство, и инфраструктурата и деловите наменети за велосипедисти се несоодветни. Но, тоа се менува“.
Меѓутоа, поради трошоците за достава на велосипедите низ светот, ги остави Yerka без профит. Тие велат дека половина од добиеното го потрошиле на производство, а останатото за дистрибуција, администрација и трошоци за патент.
Тимот порача уште една тура од 100 велосипеди за продажба во Чиле пред да се насочат на пазарот во САД во 2016 година. Тие ќе чекаат одговор од нивните потрошувачи пред да го зголемат производството и пред да се насочат кон глобалните пазари. Но, за тоа велат дека им е потребна инвестиција од еден милион долари од национални или меѓународни финасиери.