Центарот за економски анализи – ЦЕА го изработи првиот Граѓански Буџет на Република Македонија за 2013 година, кој претставува поедноставена и скратена верзија на Буџетот на Република Македонија, напишан на едноставен стил, разбирлив за граѓаните.
Целта е на овој начин, граѓаните да имаат пристап до најважните податоци и информации за Буџетот на РМ, кои можат лесно да ги прочитаат и размислат, за потоа да поставуваат прашања, покренуваат дискусии и бараат одговорност за тоа како Владата ги собира и троши парите на граѓаните. Во текстот на Граѓанскиот буџет се поместени дефиниции и објаснувања на
основните поими и начинот на читање и разбирање на буџетските ставки и термини, кои секако ќе им помогнат на граѓаните да го разберат процесите на прибирање и трошење на јавните пари.
Изработката на Граѓанскиот буџет е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.