Со поетско читање, филмски проекции, музички концерти и моќен диџеј-сет, студентската организација „Излез“ ќе го обележи крајот на академската година. Целовечерниот настан е закажан за во четврток (13 јуни) во амфитеатарот „Карпош“ кој ќе биде сцена за најголемите студентски креативци.
Студентската дружба започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ.
-Придружете им се на студентите и покажете црно на бело што сте научиле оваа година: покрај сцената ќе бидат поставени бели платна на кои ќе има место за сите ваши пораки! Која е твојата?, порачуваат од „Излез“.