По склучувањето на договорот на климатската конференција КОП26 во Глазгов, шведската климатската активистка Грета Тунберг оцени дека собирот може да се сведе на „бла, бла, бла“ и ги повтори обвинувањата што претходно ги упати до светските лидери, пренесува „Н1“.
„Вистинската работа продолжува надвор од овие сали. И никогаш нема да се откажеме“, напиша Тунберг на својот Твитер профил на крајот од КОП26.
Таа пред неколку дена предупреди дека договорот за кој се вели дека прави мали чекори во вистинска насока, или дека остварува одреден напредок или дека со него постепено нешто се добива е еднаков на загуба.
The #COP26 is over. Here’s a brief summary: Blah, blah, blah.
But the real work continues outside these halls. And we will never give up, ever. https://t.co/EOne9OogiR
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) November 13, 2021
Во интервју за „АФП“ во средината на октомври, Тунберг веќе изрази стравување дека и покрај нејзиното „клучно“ значење за иднината на планетата, конференцијата КОП26 нема да донесе големи промени.
Таканаречениот климатски пакт за климата беше усвоен од претставници на 200 земји по две недели тешки преговори и има за цел да ја забрза борбата против глобалното затоплување.