Турските власти се заканија дека ќе го блокираат пристапот до социјалната мрежа „Твитер“ ако компанијата не го блокира профилот на еден турски левичарски весник кој објавил документи за полициска воена рација на камионите на турската разузнавачка служба кои оделе за Сирија во јануари, минатата година.
Демантот пристигна во четвртокот откако локален суд во Адана, јужна турска провинција, издаде наредба да се забрани покривањето на истрагата, алудирајќи на можноста за целосна забрана на социјалните медиумски мрежи каде проциркулираа документите за законските постапки во врска со рацијата.
Судот расправаше дека објавувањето на оваа информација ја повредува националната безбедност.
Мрежите како „Твитер“, „Фејсбук“ и „Гугл Плус“ се согласија да ја тргнат содржината со цел да избегнат блокирање. Сепак, некои корисници на „Твитер“ продолжиле да се спротивставуваат на забраната преку постирање на нови пораки. „Твитер“ одби да го блокира профилот на весникот кој ги објави тие документи, но ги цензурираше одредени содржини кои беа објавени за случајот.
Ова не е првпат турските власти да се закануваат со цензурирање на социјални мрежи. Минатата година во март, тогашниот премиер, а сегашен претседател Реџеп Таип Ердоган ја забрани социјалната мрежа, но откако имаше остри реакции во земјата и странство и Уставниот суд одлучи дека тоа е кршење на слободата на говор, после две недели, „Твитер“ повторно функционираше. Додека Јутјуб беше цензуриран цели два месеци.