Од петок до недела (15 до 17 ) мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе се одржи турнир во DotA 2, кој го организира Студентскиот парламент на факултетот.
„Без разлика дали сте фанатик или едноставно играте за забава, придружете ни се од 15.5.2015 до 17.5.2015 во просториите на ФЕИТ, на првиот DOTA2 турнир организиран од СПФЕИТ!
За време на турнирот ќе имате шанса да ги следите натпреварите во живо, да се дружите со натпреварувачите, други љубители на играта како и организаторите.
Тимовите кои ќе освојат прво, второ и трето место ќе бидат наградени!
Турнирот е отворен за сите кои сакаат да не посетат и да се забавуваат со е-спортовите! Ќе имате можност да ги следите игрите од амфитеатарот на ФЕИТ каде ќе бидат следени и коментирани во живо!
Официјалниот почеток на турнирот е во петок, 14:00 часот. Финалните натпревари (најмалку 3, најмногу 5) се играат во недела, од 10:00 часот наутро па се до вечерта!
Присуствувајте и забавувајте се, играјте и бидете фер играчи!“, стои во повикот на настанот на Фејсбук.