Турски суд осуди писател на условна затворска казна од речиси една година, бидејќи во книга за минатогодишните масовни анти-владини протести, го „навредил“ претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесе АФП.
Судот во Истанбул на затворено сослушување го осуди Ерол Озгорај заради „јавно навредување на јавен службеник“ и „повреда на честа на Ердоган во очите на јавноста“, јави агенцијата Dogan news.
Графитите, слоганите и банерите кои се користени во книгата „Феноменот на Гези“ исто така го навредиле Ердоган, кој минатиот месец беше избран за претседател откако повеќе од една декада беше премиер на Турција.
Писателот Озгорај книгата ја напиша заедно со сопругата. Во неа се опишани демонстрациите кои започнале во јуни минатата година како мал протест против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, но подоцна се прошири ширум земјата како масовен протест против власта на Ердоган.
Извор: AFP, english.alarabiya.net