Полицијата и првoмајските демонстранти вчера се судрија во Истанбул, откако граѓаните решија да и се пркосат на забраната на Влада за марширање до култниот плоштад Таксим.
Турските власти им забранија на синдикатите и движењата да организираат првомајски протести на овој познат плоштад.
Безбедносните сили ги туркаа назад демонстрантите употребувајќи водени топови и солзавец. Демонстрантите одговорија со фрлање камења и петарди на полицијата.
Шефот на полицијата во Истанбул, објави дека околу 136 лица се уапсени, пренесе приватна новинска агенција Доган.
Властите го блокираа плоштадот кој е симбол на работниците во Турција откако 34 луѓе биле убиени во 1977 година во судири на 1 Мај.
Турските медиуми пренесуваат дека 10.000 полицајци биле распоредени околу плоштадот во петокот со водени топови за да ги блокираат демонстрантите. Протестите се, исто така, имаше и во градовите низ цела Турција.
Демонстрациите се првите големи протести откако владата го донесе Законот за безбедност оваа година кои и даваат на полицијата проширени овластувања за справување со демонстрантите.
Извор: abcnews