Њујоршките градски власти го тужат модниот фотограф Ален Хенсон, затоа што снимал фотографии на модели во топлес на панорамскиот покрив на Емпајер стејт билдинг. Фотографиите за кои би можел да плати казна од 1,1 милиони долари, Хенсон ги снимил во август.
Според тужбата, Хенсон не побарал дозвола ниту ги известил вработените во Емпајер стејт билдинг дека планира да сними фотографии на девојки во топлес во таа зграда.
Претставниците на службата задолжени за зградата велат дека оваа постапка е непримерна и невкусна, затоа што панорамскиот дел на Емпајер стејт билдинг претставува туристичка атракција која ја посетуваат семејства.
Хенсон одговорил дека погледот од покривот на зградата е толку величенствен, што мислел дека посетителите нема ни да забележат девојки во топлес.