Новиот извршен директор на Твитер Jack Dorsey преку мејл отпушти 336 вработени со цел да ги намали трошоците на компанијата, која одреден период се труди да заработи. Компанијата отпушти осум проценти од работната сила, што ја сочинуваат 4100 вработени.
Во мејлот насловен „Пофокусиран Твитер“ испратен до поранешните вработени, Дорси пишува:
„Имавме многу тешка одлука, планираме да се одвоиме од 336 луѓе од целата компанија. Ова го правиме со целата почит што ја имаме кон секоја личност. Твитер ќе се погрижи за секој индивидуално, обезбедувајќи благодарни отпремнини и ќе помогнеме да најдете нова работа“, стои во мејлот испратен до поранешните вработени во компанијата.
Луѓето ќе добијат отпремнина што ќе ја чини компанијата од 10 до 20 милиони долари. Меѓутоа, тие решија својот револт да го искажат токму на социјалната мрежа во која работеа, користејќи го хаштагот #TwitterLayoffs.
Овој потег доаѓа неколку денови откако Dorsey, кој е еден од основачите на компанијата, беше избран за постојан извршен директор. Тој ја имаше функцијата на веде директор три месеци по повлекувањето на Dick Costolo на први јули.
Костоло, кој од 2010 година беше извршен директор бил постојано под притисок од инвеститорите кои не биле задоволни од растот на корисници на мрежата.