„Твитер“ веќе не постои како компанија

„Твитер“ веќе не постои како компанија откако Илон Маск ја спои компанијата со корпорацијата „Икс“, пренесува „Индипендент“.

Ваквиот потег значи дека отсега, познатата апликација е дел од „Икс Холдингс“ корпорацијата која е претставена како идна мајка компанија за сите компании во сопствеништво на Маск – „Неуралинк“, „СпејсЕкс“, „Тесла“ и „Боринг компани“.

Ова е потенцијален сигнал за наредната фаза на планот на Маск да го претвори „Твитер“ во „апликација за сѐ“.

Спојувањето на компаниите стана јавно откако адвокатите „Твитер“ принудени да го обелоденат во тековната тужба во која беше вклучена кандидатката за американскот Конгрес, Лаура Лумер.

„’Твитер Инк.’ е споен со ‘Икс’ корпорацијата и веќе не постои“, се вели во судските записи.

Од „Твитер“ сѐ  уште нема коментар за корпоративното спојување, бидејќи официјалниот мејл на компанијата за односи со јавност е подесен автоматски да одговара на сите мејлови со емотиконот за го*но.

Маск се чини дека ја потврдил веста откако вчера твитна „Икс“.

Маск веќе го има откупено домејнот „x.com“, бидејќи ја основал истоимената компанија во 1999 година, а потоа од неа настанала компанијата „ПејПал“.

Во октомври 2022 година, кога се финализираше договорот за откупување на „Твитер“ Маск напиша „Купувањето на твитер е поттик за создавање на ‘Икс’, апликација за сѐ“.