Твитер започна со масовно отпуштање вчера, само неколку дена откако Илон Маск стана шеф на компанијата што ја купи за 44 милијарди долари, јавува Радио Слободна Европа.
Вработените се информираат за нивниот статус преку електронска пошта. Пред тоа, од технолошката компанија преку ноќ го забранија влезот во канцелариите и пристапот до внатрешните системи.
Информацијата за отказите во Твитер доаѓа по шпекулациите дека Маск ќе отпушти дури 50 отсто од работната сила на социјалната мрежа.
Тој во петокот на Твитер напиша дека платформата поминува низ „огромен пад на приходите“ бидејќи огласувачите ја намалуваат потрошувачката.
Компанијата не соопшти ништо за бројот на луѓе кои ќе бидат отпуштени. Внатрешните планови во кои претходно агенцијата Ројтерс имала увид укажуваат дека Маск сака да отпушти околу 3.700 вработени во Твитер, што е околу половина од работната сила.
Поранешните вработени го тужат „Твитер“ откако Илон Маск започна со масовни отпуштања