Корисничките твитови од 140 карактери ќе бидат повеќе видливи при пребарување на Google во наредните месеци наводно благодарение на договорот помеѓу овој пребарувач и Twitter.
Google сега ќе има пристап до протокот на податоци создадени од 284 милиони активни корисници на компанијата за микроблогирање.
Ова значи дека корисниците ќе можат да ги видат своите твитови наместо сегашниот модел на Google кој покажува информации за профилот. Twitter исто така, обезбедува податоци и за Yahoo! и Bing.
Според досегашните информации, во договорот не се вклучени приходи од реклами, а инженерите од двете компании веќе започнале со процесот на дизајнирање на нов аранжман за пребарување.
Извршниот директор на Twitter, Дик Костоло, се обидува да ги зајакне своите корисници со цел да се натпреварува со популарните социјални медидуми како Facebook со 1,4 милијарди корисници и Instagram со 300 милиони корисници кој е исто така, во сопственост на Facebook.