„Тврдоглави“ – конкурс за краток расказ од млади автори, посветен на Славко Јаневски

Конкурсот за краток расказ – „Тврдоглави“ кој го слави писателот Славко Јаневски, оваа година ќе се распише за прв пат.

„Тврдоглави“ цели да ги поттикне и промовира младите писатели на македонската книжевна сцена, а рокот за праќање на делата е до 31 декември 2022 година, на мејлот konkurstvrdoglavi@gmail.com.

Според објавените правила, на анонимниот конкурс по еден свој расказ можат да испратат автори од 16 до 25 години.

„Расказот треба да биде напишан на македонски јазик, да биде необјавен, а текстот не треба да надминува 10.000 карактери. Документот со расказот треба да биде потпишан со шифра и се испрати најдоцна до 31 декември“, посочуваат организаторите.

Три најдобри раскази ќе бидат наградени со паричен износ од 60.000, 20.000, односно 10.000 денари.

„Пристигнатите раскази ќе ги оценува тричлена комисија. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 25 јануари 2023 годна. Трите првонаградени раскази ќе бидат објавени во посебна публикација, а наградите на добитниците ќе им се доделат на 31 јануари 2023 година“, се вели во распишаниот конкурс.